Француски шик: Романтично станче во Париз (фото)
- Детали
- недела, 26 март 2017
Париз е секогаш добра идеја, а ова минијатурно катче е уште една совршена потврда.
Од градот на светлината, љубовта и уметноста, ви издвојуваме еден симпатичен мал стан во кој ќе се вљубите на прв поглед. Со мали димензии, а големи стилски финеси, неговиот дизајн е олицетворение на францускиот шик.
Сместен е на шести кат во зграда која се наоѓа во срцето на француската метропола, на чекор од сите главни атракции, а со поглед на Ајфеловата кула и париските кровови. Ентериерот, пак, е со класично уредување, а освојува со мноштвото елегантни детали и романтичната атмосфера каква му доликува на градот.
Со оглед на минијатурната квадратура, дневниот престој, трпезаријата и кујната функционираат како една целина, а заедно со спалната соба се дел од отворениот распоред на станот.
Сепак, со спојот на старински декоративни елементи и модерна функционалност, пpoсторот е исклучително пријатен за престој.
Со шармот и интимниот амбиент кои ги нуди, лесно е да му „простите“ што нема некој метар квадратен плус.
Нам ни изгледа како идеално место за викенд во Париз, а вам? Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од неговата убавина:
М. А. | Црнобело