Бела палата како од бајките (фото)
- Детали
- сабота, 25 март 2017
Гордо сместенa во магнетски привлечно опкружување, со глетки на северниот и јужниот брег на карипскиот остров St. Croix, овaa куќа краде воздишки со спектакуларниот дизајн и сликовитите егзотични пејзажи.
Домот бил во сопственост на грофицата Наџа Фарбер, но по нејзината смрт, куќата е ставена на продажба. Доколку сте заинтересирани да ја купите, таа може да биде ваша за „само“ 15 милиони американски долари.
Белиот дворец наликува на хациенда или ориентална палата, а е со навистина ретка убавина и спектакуларни димензии. Луксузниот имот се простира на неколку илјади метри квадратни, а располага со огромен дневен престој, кој е украсен со со мавритански лакови, мозаици, како и светлечки мурали со птици и синото небо.
Оваа фантастична бела градба поседува 6 спални соби со големи заоблени прозорци, има огромна трпезарија, како и одлично опремена кујна. Сепак, она што најмногу го одвлекува вниманието е совршениот поглед на карипскиот архипелаг и Девствените Острови.
Нам ни изгледа како пресликана од бајките, а вам?
М. А. | Црнобело