Во најпопуларниот хотел во светот - Што ќе видите ако влезете во Бурџ Ал Араб во Дубаи?
- Детали
- вторник, 07 март 2017
Со луксузен и по малку кичест декор, листа на славни кои имаат резервирано соба и позлатени iPad-и во секоја соба, престојувањето во Бурџ Ал Араб во Дубаи е посебно доживување.
Седумте ѕвезди се сосема заслужени, бидејќи располага со сопствен хелиодром, кралски апартман кој чини 19,500 долари од ноќ, ресторан со фантастичен аквариум, базени, спа центри, внатрешни фонтани, позлатени тапети и сè што умот може да ви помисли, само во двојно полуксузна верзија.
На Инстаграм има половина милион следбеници и токму затоа ја носи и титулата „најпопуларен хотел“ според социјалните мрежи.
Што ќе видите ако ја имате таа среќа да прошетате низ Бурџ Ал Араб?
М. Д. | Црнобело