Куќа од соништата: Ѕирнете во луксузниот дом на Селена Гомез (фото)
- Детали
- среда, 01 март 2017
Откако во јавноста испливаа фотографиите од внатрешноста, сите се вчудовидени зошто ваков раскош во преубава природа не ѝ одговара повеќе на познатата американска ѕвезда.
По некое непишано правило, во домовите на повеќето холивудски ѕвезди може да „ѕирнеме“, дури тогаш кога ќе одлучат дека веќе не сакаат да живеат во нив. Таков е примерот и со 24-годишната пејачка и актерка Селена Гомез, која неодамна ја стави својата куќа вредна 3 милиони долари на продажба.
Спектакуларната вила се наоѓа во Тексас, а Селена ја купи минатата година, за во неа да минува што е можно повеќе време со семејството и пријателите од детството. Се простира на површина од близу 1.000 метри квадратни, а располага со две огромни спални соби и уште 5 помали, 7 бањи и гаража за возен парк од 8 автомобили.
Бидејќи обожува да гледа филмови, домот на младата ѕвезда е опремен и со луксузно домашно кино. За дружење и забава со пријателите, пак, Селена ја користела големата соба со маса за билјард и уште многу игри.
За романтични вечери, тука е и собата со камин и сводести плафони, која се наоѓа веднаш до пространата кујна, опремена со најсовремени апарати и покуќнина.
Кога нејзините гости сакале да се опуштат, тоа можеле да го направат на тенискиот и кошаркарскиот терен, како и на базенот, а сосема доволно им било и само да се релаксираат и уживаат во сончањето, опкружени со природа како од бајка.
Сепак, на популарната Селена и здодеа од сета убавина и луксуз, па одлучи да си купи нова и уште поубава вила.
Би живееле ли во нејзиниот стар дом?
М. А. | Црнобело