Како изгледа најскапиот дом во Америка?
- Детали
- сабота, 21 јануари 2017
Кога цената на една куќа изнесува вртоглави $250 милиони долари не знаете од прилика што може да очекувате. На ова неверојатно архитектонско чудо од 3.530 м2 работеле над 300 работници во изминатите 4 години.
Цела една просторија е исполнета со слатки и бонбони во стилот на Вили Вонка, а домашната кино сала е изработена во духот на агентот 007, Џејмс Бонд.
Најскапиот дом во Америка вклучува 12 огромни спални соби, 21 бања, куглана и спа центар за масажа и релаксација, фитнес центар и базен со должина од 26 метри.
Во цената која е наведена за продажба е вклучен и тим помошници од 7 луѓе кои ќе работат постојано, а нивната плата е покриена во следните 2 години.
Сопствен хеликоптер, ретки автомобили во вредност од $30 милиони долари, винска визба со специјален избор на вина и уште многу декадентни изненадувања се кријат во најскапата куќа лоцирана во Лос Анџелес.
Погледнете како изгледа богатството обвиено во луксуз:
(О)Милена | Црнобело