Минималистичко уредување на стан кое ќе посакате да го копирате и во вашиот дом
- Детали
- сабота, 22 октомври 2016
Минимализмот секогаш во преден план ја става функционалноста на просторот и ослободувањето од предметите кои само зафаќаат место а немаат никаква корист.
Следниот стан ќе ви покаже како можете да ги искомбинирате минимализмот и контрастите за да добиете еден уникатен дом во кој ќе можете да се релаксирате после напорниот работен ден но и да уживате во друштво на пријателите.
Дизајниран од страна на архитектонското студио, „Sergey Makhno Architects“, отворениот дневен простор е местото за собирања и дружења.
Силниот контраст во топлината на боите создава динамичен, речиси хипнотизирачки ефект. Зелениот кревет и фотелјите се нешто кое веднаш ви паѓа в очи.
Светилката во форма на мрежа над клуб масичката го намалува просторот и додава кон минималистичката геометрија која е заштитен знак на целиот стан.
Спалната соба е навистина пространа и ненаметлива а одличниот избор на смирувачки тонови ќе ви помогне да се одморите и да се релаксирате.
М. С. | Црнобело