Авион или хотел со 5 ѕвезди?
- Детали
- петок, 07 октомври 2016
Првиот Boeing 787 Dreamliner кој некогаш ќе биде претворен во приватен авион, вклучува широки спални соби, бањи, трпезарија, канцеларија, па дури и приватно кино.
Комерцијалниот авион може да собере до 335 патници, но приватниот Boeing, кој сè уште нема добиено име, ќе собере само 40 патници. Дефинитивно нема да им недостасува простор за тегнење на нозете.
Авионот ќе чини околу $325 милиони долари и за тие пари ќе добиете огромна дневна соба со простор за забава, спална соба со голем кревет, бања со туш кој има доволно простор, мини конференциска сала и 16 кревети на спуштање.
Слободно можеме да кажеме дека ова е првиот хотел со 5 ѕвезди во воздухот:
М. Д. | Црнобело