Домот од $50 милиони долари на Кајкос и Туркс каде Кајли Џенер славеше роденден
- Детали
- вторник, 16 август 2016
Кајли Џенер својот 19-ти роденден го прослави со одмор на место кое се состои од 3 куќи и простор од 2.5 хектари.
Ријалити ѕвездата заедно со својата 20-годишна сестра уживаа во дом кој го изнајмиле преку Airbnb кој се состои од 23 соби на површина од 3252m2.
Имотот „The Pearls of Long Bay“ се состои од 3 масивни домови покрај плажа - „Pearl East“, „Pearl West“ и „Lidija House“, каде Кајли Џенер и нејзините пријателки престојуваа за време на нејзиниот роденден.
Секоја куќа посебно има приватен базен, теретана за вежбање, водопад, сауна, соба за масажа, камин, опрема за нуркање и сурфање...
Погледнете како изгледа луксузниот простор вреден $50 милиони долари:
Н. Г. | Црнобело