Енергетски ефикасен дом во скопскиот Менхетен!

Капитол Резиденс е вистинска и паметна инвестиција бидејќи во круг од 500 метри на комплексот има неколку училишта и градинки, банки, полициска станица, здравствени домови, црква, детски парк, пошта и пазар што го прави овој комплекс мулти-конектиран со сите основни потреби на неговите станари.

energetski-efikasen-dom-vo-skopskiot-menheten-1.jpg

За оние кои знаат да препознаат квалитет и единствен концепт на живеење, Капитол Резиденс е единствената вредна опција со која си го поедноставуваат животот и си овозможуваат секојдневна лагодност и многу можности што ги нуди соседството.

На самиот булевар „Јане Сандански“ над трговскиот центар Капитол Мол, во епи-центарот на урбаната зона во општина Аеродром, Капитол Резиденс е вистинско место за живот. Она што го прави исклучителен, освен идеалната локација е и функционалноста и иновативноста во изградбата, со што станарите дополнително заштедуваат, бидејќи во него се вградени сите современите технички решенија за заштеда на енергија.

Капитол Резиденс се наоѓа на неполни 200 метри од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ или околу 400 метри од другото основно училиште „Љубен Лапе“. На само 100 метри е детската градинка „Лале“, а во круг од околу 300 метри се и други две градинки „Бамби“ и „Чекорче“.

Во дијаметар од 500 метри се и полициска станица, здравствени домови, речиси сите експозитури на банки, црква, детски парк, пошта, пазар, спортски центар, а на самиот излез од Капитол Мол е и автобуската постојка на 5, 15, 15А, 3, 23 кои гравитираат кон центар, и 35 која оди кон Битпазар. Во рамки на самиот комплекс се наоѓа најголемиот забавен центар во градот Капитол плеј каде има одлична игротека и центар за куглање.

energetski-efikasen-dom-vo-skopskiot-menheten-2.jpg

Капитол Резиденс се одликува со високо ниво на енергетска ефикасност и завршни градежни работи, а на располагање се:

  • 72 ексклузивни стана, студио тип или станови со 3+1 простории
  • Беспрекорна звучна и топлотна изолација
  • Ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада
  • Алуминиумски прозори и врати со термо мост
  • Трослојно 4 сезонско стакло со минимален коефициент на губење на топлина
  • Затоплување и ладење со фенкојлер единици
  • Сигурносна влезна врата
  • Бањи со подно греење
  • 450 паркинг места
  • Пространи тераси
  • 6 лифта

Капитол Резиденс е наменет за луѓе кои сакаат удобен и современ живот, но сакаат и да живеат во енергетски ефикасен простор. А заради недостатокот на слободно време, понудата на продавниците во Капитол Мол со над 50 модни брендови е вистинска драгоценост. Тука е и супермаркетот Рамстор, фитнес центар, игротеки, книжарници, менувачница, сервис за миење возила, куглана и многу ресторани и кафулиња.  На кратко, да живеете во Капитол Резиденс,  значи да ја смените филозофијата на живеење!

Би можело да ве интересира:

Ресторан во Свети Николе е вистинска велигденска бајка со зајчиња и многу шарени цвеќиња Со многу шарени цвеќиња, меѓу кои доминираат црвената и розовата боја и двор укр...
Локал украсен со лампиони и мечиња ја носи празничната бајка во центарот на Скопје На еден месец до новата 2025 година, Скопје го зафати празничната магија, а Brea...
Стан во Гостивар со природна елка е како сцена од празнична бајка (фото) „Оваа година се одлучив за природна елка со ситни лампиони. Дома секоја година н...
Кафуле со розово Фиќо во Вевчани е вистинска новогодишна бајка (фото) Кафулето со розово Фиќо во Вевчани секоја сезона изгледа поинаку. Пред новогодиш...
9 ресторани во Ниш за викенд ручек (со врвна скара и дуњовача) Ммм, одлична скара и ракија од дуња... Звучи привлечно, зарем не? Ајде на викенд...
Во домот на Моника Зец: Вистинска празнична бајка во Скопје Домот на Моника Зец Медуњанин во Скопје е вистинска празнична инспирација... ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg