Во приватниот авион на мултимилијардерот Доналд Трамп (фото + видео)
- Детали
- вторник, 18 ноември 2014
Еден од најбогатите луѓе во светот, милијардерот Доналд Трамп, дозволил неколку фоторепортери да влезат во неговиот приватен луксузен авион Боинг 757 за време на неговата посета во Шкотска и потпишувањето на договор за соработка со аеродромот „Прествик“.
Откако претходно купил и еден дел од одморалиштето во близина, кое се реновира за да биде прилагодено на потребите на неговите патници, ги отворил вратите и од својот 100 милионски приватен џет.
Сепак, имал неколку предупредувања: Сите да ги соблечат обувките пред да влезат, да не седнуваат на кожните фотелји и да не оставаат траги на полираните дрвени делови.
Целата внатрешност е беспрекорно и луксузно опремена со удобен кожен мебел, златни детали, тоалет со вц-школка, исто така обложена со кожа, туш во кој циркулира водата, посебен систем за озвучување во собите и посебна кујна.
Има простор за 230 патници, но, сепак е наменет само за неговото поблиско семејство и пријатели.
Пред сè, Доналд го прилагодил за сопствените потреби и долги патувања кои ги има, да може целосно да ужива во комфорот.
Но, тој има уште неколку приватни авиони со кои ќе можат да патуваат и други патници.
Ако сакате да дознаете како изгледа едно авионско патување на мултимилијардер погледнете ја видео прошетката:
Погледнете ги фотографиите од внатрешноста: