Стара водна кула претворена во дом од соништата (фото)
- Детали
- понеделник, 14 јули 2014
Водната кула изградена во далечната 1877-ма година е во венецијанско-готски стил, лоцирана во Лондон, а изминативе 3 години е приватна сопственост на еден креативен пар.
Во 2011 година оваа градба стана една од најинтересните архитектонски преобразби. Брачниот пар кој ја купи оваа водна кула реши да ја преуреди во совршен дом со поглед кон центарот на Лондон.
На кулата со висина од 9 ката е надградена црна кутија која го сочинува централниот животен простор, односно во неа се наоѓа дневната соба и кујната на овој дом.
Во останатиот дел се распоредени 4 спални соби, теретана, библиотека и неколку бањи а до нив се доаѓа со лифт или скалила.
Ентериерот е уреден во модерен стил помешан со минимализам, што го прави еден од најпосакуваните во целиот свет.
Креативна идеја и одлична реализација: