Admont Abbey - Најстарата библиотека во светот е спој од книги и врвна уметност
- Детали
- четврток, 30 јануари 2014
Admont Abbey е манастирска библиотека сместена во Австрија која веќе неколку години важи за една од најстарите реконструирани библиотеки во светот.
Позната е по својата барокна архитектура која се преплетува со минималистичкиот стил, уметноста и изворните ракописи кои ги содржи.
Во 1074 година за прв пат започнал да се гради овој објект за дури во 1776 година целосно да се заврши. Нејзината внатрешност е обновувана неколку пати, за пред само неколку години да го добие гламурозниот изглед во кој секој посетител денес ужива.
Библиотеката е поделена на 3 дела и е долга вкупно 70 метри, широка е 14, а висока 11 метри.
Во неа се сместени преку 200.000 наслови, помеѓу кои 1.400 уникатни кои не се наоѓаат во ниту една друга библиотека во светот.
Оваа книжевна уметност е вистинска мамка за љубителите на уметноста, архитектурата и книгите, па затоа оваа година е отворена за посети од 24 март па се до 31 декември.