Да, овој факултет од соништата навистина постои
- Детали
- понеделник, 13 јануари 2014
Во кампусот на High Point универзитетот во Северна Каролина со години се вложувани повеќе од 700 милиони долари на преуредување и модернизирање на внатрешноста и надворешноста, како и овозможување на бројни погодности на своите студенти.
На пример, ако добиете стипендија, за неа ќе бидете известени заедно со кутија најдобри и најлуксузни пралини Godiva.
Всушност, покрај бесплатното огромно кино, луксузниот базен и џакузи, вкусниот бар и камионот со сладолед, може да биде доста тешко да одвоите време за учење.
Но, од друга страна, сето тоа е фантастична мотивација за работа - барем ќе имате со што да се наградите.
Ако сè уште не ни верувате дека современите факултети може да изгледаат вака, имаме мало фото-убедување.
Уживајте и сонувајте како би било да сте дел од овој рај!