Фото-патување во најдобро украсениот хотел во Париз
- Детали
- недела, 29 декември 2013
Хотелот George V. се наоѓа во самото срце на Париз, на истоимената авенија и е оддалечен на само 2 минути од најголемиот божиќен саем во градот.
Овој луксузен хотел е изграден во 1928 година, од кога важи за една од главните знаменитости на Париз.
Во празничниот период George V. е украсен со илјадници светилки кои ве повикуваат да ја откриете магијата во ентериерот.
Внатрешноста за момент ќе ве врати во 18 век, токму заради посебниот поглед кон деталите, сликите, скулптурите и мермерната целина.
При украсувањето на овој простор, главна улога имаат контрастите. Во средиштето на класичниот ентериер се сместени две фигури на елени во модернистички стил, а на само неколку метри од нив се наоѓаат и двете божиќни дрва обиколени со златен раскош.
Останатите простории се исто така богато украсени, но со малку потрадиционален декор.
Она по што се издвојува овој хотел од останатите, е кристалната висечка елка изработена од неколку стотици светилки. За прв пат оваа година хотелот George V. го изложи овој магичен дизајн.
Уживајте во раскошната предновогодишна авантура!