На гости кај Маги Медичи: Стан во Скопје со ретро современа естетика и готски призвук (фото)
Секој детаљ во домот треба да раскажува приказна.
Кога ја осмислував спалната соба, имав желба да има допир на елеганција, инспирирана од хотелско уредување, па се одлучивме да ја искомбинираме со топлината на природно масивно дрво и софистицираност на елегантна кожа во надглавјето.
Овој привлечен простор ни нуди рај за одмор и релаксација после секој наш напорен ден.
Кујната, со својот модерен ретро шарм, го комбинира најдоброто од двата света – носталгијата од минатото и функционалноста на сегашноста.
Овој простор е хармоничен спој на стилови, кој го одразува мојот личен вкус и создава навистина уникатно животно искуство.
Бањата, малку отскокнува од топлите нијанси на останатите соби во домот, затоа што е дизајнирана во скандинавски стил, и покажува впечатлив контраст на црно-бело, со топли акценти кои додаваат пријатен допир.
Чистите линии и минималистичкиот пристап создаваат спокојно и релаксирачко светилиште.
Ова е воедно и моето омилено место. Ми нуди посебно уживање.