Илија од беровско направил оаза од кактуси во станот во Скопје: „Гостите се воодушевуваат“

Погледнете како со малку креативност и многу цвеќиња може да се направи вистинска мала оаза и во урбаната џунгла во Скопје. Илија од беровско се пресели во Скопје, а со себе ги донесе растенијата од тамошната оаза.

ilija-od-berovsko-napravil-oaza-od-kaktusi-vo-stanot-vo-skopje-gostite-se-voodushevuvaat-01.jpg

Младиот Илија Брндевски (31) на македонската јавност ѝ стана познат заради неговата прекрасна цветна оаза за која се грижеше сам во беровско Ратево, но борбата за подобра егзистенција го натера да се пресели во главниот град.

ilija-od-berovsko-napravil-oaza-od-kaktusi-vo-stanot-vo-skopje-gostite-se-voodushevuvaat-02.jpg

Илија во изминатите неколку месеци полека се привикна на животот во главниот град, жуборењето на Ратевска Река ја замени со бучавата на автомобилите во Скопје, но со себе понесе мал дел од рајот во родниот крај, па во посебна просторија ги чува своите кактуси и сукуленти.

ilija-od-berovsko-napravil-oaza-od-kaktusi-vo-stanot-vo-skopje-gostite-se-voodushevuvaat-03.jpgОазата на Илија во беровско, Ратево

Неговата нова оаза се наоѓа во стан на булевар „Климент Охридски“, значи во центарот на Скопје, а во посебната просторија има околу 370 растенија, кои ги донел од беровско.

ilija-od-berovsko-napravil-oaza-od-kaktusi-vo-stanot-vo-skopje-gostite-se-voodushevuvaat-05.jpg

Тој во изјава за CRNOBELO.com вели дека гостите што доаѓаат во неговиот дом се импресионирани и воодушевени од растенијата, а за одлуката дали било тешко да го напушти родното Ратево и да дојде во Скопје, Илија вели:

„Одлуката воопшто не беше тешка, со оглед дека тука ќе имам повеќе можности за напредок“.

ilija-od-berovsko-napravil-oaza-od-kaktusi-vo-stanot-vo-skopje-gostite-se-voodushevuvaat-04.jpg

Илија за читателите на CRNOBELO.com сподели повеќе фотографии од неговата нова оаза во Скопје.

На следната страница погледнете како со малку креативност и многу растенија може да се направи убава оаза и во урбаната џунгла во Скопје...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...
Винтиџ кафуле во Скопје, со грамофон и телефонска говорница, ја враќа магијата на минатото (фото) Место за сите романтичари кои чувствуваат носталгија за минатото, место каде има...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg