На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото)
Работа што многу ме радува е тоа што дневната соба е целосно природно осветлена.
Најмногу ѝ се радувам на библиотеката во склоп на аголната гарнитура, која е мое мало катче надополнето со подна ламба.
Тука го поминувам поголемиот дел од денот читајќи некоја од 150-те книги кои ги поседувам. Заедно со кафе, тоа е мојот поим за среќа и чувство на дом.
Делот околу ТВ комодата изобилува со зеленкасти цвеќиња кои одлично се вклопуваат во бела/антрацит комбинацијата.
Малите детали низ целиот стан ми се рачните изработки, затоа што сум голем љубител на истите.
Сите елементи во спалната соба се во бела боја, освен креветот за спиење кој е сив. Гледавме да постигнеме доволно простор за складирање и да имам мое катче за шминкање со кружно огледало.