Рустична таверна со една маса во Охрид - со спектакуларен поглед на езерото, цвеќе и цитрусни детали (фото)
- Детали
- сабота, 29 април 2023
Испуканата патека, кадифените столици, белата скала, старото рачно изработено буре и велосипедот на дедо Косте се само некои од украсите во овој локал, кои го доловуваат духот на 50-тите. Уникатно, зарем не? Плус Охридското Езеро на дланка...
Во Охрид постои таверна со само една маса и со спектакуларен поглед над Охридското Езеро.
„Tavola Bianca“ со својата уникатност и дворче со рурален шмек и многу, многу цвеќе е вистинско доживување.
Ќе можете да се наситувате на одлични вкусови, да наздравувате со чаша вино и да имате интимност само за себе и своите најблиски.
Сезоната официјално ќе ја отворат наскоро, но одвреме-навреме таму се одржуваат приватни настани.
За „Tavola Bianca“ ова ќе биде 4-та година по ред постоење, а нивното мото е една бела маса и многу радост.
За себе тие на Инстаграм велат: „Во срцето на Варош, заедно дишеме во духот на 50-тите и шармот на рустиката, скромно оплеменети со цветни и цитрусни детали.
Испуканата патека, дермиџаните, кадифените столици, белата скала, старото рачно работено буре и точакот на дедо Косте се само некои од украсите кои сведочат за 'тоа време'“.