На гости кај Бети: Македонка, која живее во Швајцарија, секоја година има најубаво украсен велигденски дом (фото)
- Детали
- сабота, 15 април 2023
„При украсувањето на домот се водам од мислата дека сакам да направам нешто што ќе биде посебно, уникатно и неповторливо, како што е секој Велигден во мојот живот. Го обожавам овој празник, а за декорација секогаш користам светли пастелни бои и пердуви“, вели Бети Алексовска за CRNOBELO.com.
Бети Алексовска е Македонка која живее во куќа на 3 ката од 240m2 во централна Швајцарија, поточно во едно прекрасно мало место Вилдерсвил на 3 километри од Интерлакен, најпосетуваното гратче со живописна природа во Швајцарија.
Бети е сопруга и мајка на три деца и вели дека омилен период од годината ѝ е празничниот, на прво место Велигден, а потоа Нова година и Божиќ.
Таа вели дека секој празник има своја магија, но магијата на Велигден е ненадминлива.
Бети за CRNOBELO.com говори за начинот на кој секоја година својот дом го претвора во велигденска бајка:
„Велигден е посебен празник за мене, и затоа се трудам да го прославам со стил.
За мене, велигденската декорација не е само некој обичен украс, туку е дел од мојот живот и ми буди силни емоции. Ме враќа во детството секоја година кога ги подготвувам декорациите и ми ја буди инспирацијата.
Секоја година обновувам декоративен материјал.
Во секоја декорација користам светли пастелни бои и пердуви.
За мене, бојадисувањето на велигденските јајца е многу важно и традицијата ме потсетува на мојот дом и моите најблиски.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





