Како се гради базен од дрвени палети за еден ден? (видео)
Високите температури често не тераат да фантазираме како би било да имаме базен во двор, во кој ќе може да се разладиме кога ќе посакаме.
За среќа, за да си го исполните овој сон не мора да имате „вишок“ простор и пари, туку само да ја искористите генијалната идеја на ова семејство.
Тие искористуваат 12 дрвени палети со мерки 130 на 110 сантиметри кои ги поврзуваат заедно во круг.
Во внатрешноста додаваат иверица со дебелина од 3 милиметри.
Внатрешноста на базенот ја покриваат со водоотпорен материјал.
На крај само го инсталираат системот за филтрација и пумпата за вода и имаат лесен и интересен базен во кој ќе се разладуваат цело лето.
Погледнете го видеото и можеби и вие ќе одлучите да си изградите ваков базен во вашиот дом. Ви требаат само неколку палети и само еден ден за да биде готов.
К. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

