Тесни базени: 30 супер идеи за градината
Летото е на прагот, температурите растат, а со нив и потребата од живописно катче на отворено, за релаксација и разладување во сончевите дни.
Во текот на топлата сезона, веројатно не постои човек (што живее во куќа), кој барем еднаш не мечтаел за простран базен во дворот, каде ќе ги ислободи мислите по мноштвото работни обврски, или, пак, опушти телото по денот минат под жешките сончеви зраци.
Но, да се вратиме во реалноста. Во повеќето случаи, дворот, градината или било која друга надворешна површина се толку мали, што се чини како невозможна мисија опцијата да се постави базен. Сепак, ништо не е неостварливо, па ни тоа, а решението е – тесен базен!
Тесните базени во градината, односно покрај куќата, се совршена идеја за врелите летни денови. Може да бидат мали и тесни, доволни само за разладување на еден или двајца, или, пак, тесни и навистина долги, за една особа, но со можност да плива.
Доколку дворното место е навистина мало, тогаш малите и тесни базени се единствената опција, но предноста е што полесно е да си ги направите. Може да биде „преслечен“ со камен, бетон, плочки и други прекривки, а со камена, циглена или дрвена платформа до него.
Кога е темата во прашање, мароканскиот стил одлично им прилега на базените со помали димензии, додека зеленилото и светилките од страна, не само што ќе го направат попривлечен, туку и обезбедат поинтимна атмосфера.
Ви претставуваме 30 инспиративни идеи и предлози за таа намена. Погледнете ги фотките во галеријата и дочекајте го летото во нов базен во вашата градина:
М. А. | Црнобело