Високо над градските улици, скриени се зелените оази на Њујорк (фото)
Живописните мини градини се сместени на покривите од зградите, оживувајќи ја природата среде урбаниот хаос. Генијално, нели?
Во големите градови, а особено метрополите чие население брои повеќе милиони жители, сè помал е бројот на зелени површини, па граѓаните често се принудени самите да си го обезбедат и се опкружат со зеленило.
Високо над градските улици во динамичниот Њујорк, рамните кровови и терасите од зградите се претвараат во прекрасни и идилични мини градини. Во одредени делови од градот, некои од станарите имаат создадено и вистински зелени оази, уредувајќи ги своите тераси и балкони налик на дворови со трева, билки и дрвца.
Благодарение на фотографот Peter Massini, кој со својата камера успеал да ги сними од хеликоптер многубројните скриени тераси и градини во Њујорк, сега и ние може да уживаме во погледите на градскиот живот од височините.
Во случај да имате прилика да го посетите Њујорк, веројатно нема да може да уживате баш на некоја од овие градини, но затоа не пропуштајте ја можноста да испиете пијалак во некој од мноштвото њујоршки барови, сместени токму на крововите од зградите.
Дотогаш, погледнете ги фотките и препуштете им се на мечтите:
М. А. | Црнобело