Совети како да го сочувате мебелот од дворот во текот на зимата

Ги пиете последните утрински кафиња на терасите или во дворовите, но полека и сигурно доаѓа време кога треба да ги соберете парчињата мебел за да ги заштитите од дождот и снегот.

Shto-da-pravite-so-mebelot-vo-dvorot-vo-tekot-na-zimata-01.jpg

Сега е вистинско време да ги засукате ракавите и да се фатите за работа.

Што треба да направите со мебелот и како да го сочувате додека трае зимата?


Дрвениот мебел

Дрвото е специфичен материјал кој на сонце избледува, а на дожд набабрува.

Токму затоа, треба да водите сметка за дрвениот мебел. Најдобро е да го ставите на суво место покриен со најлон и заврзан. На тој начин ќе го заштитите од дождот и мразот кои лесно можат да го уништат. Најдобро би било пред да го замотате да го премачкате со глазура за дрво, затоа што таа го спречува продорот на влагата.


Мебел од плетени материјали

И овие парчиња мебел треба да ги зачувате од сонце и вода. Се чуваат многу слично како и дрвените материјали, а еден од триковите е да ги премачкате со лак за бродови. И овие парчиња мебел добро  би било да ги покриете со најлони.


Метален мебел

Р’ѓата е најголем непријател на металот затоа, добро е да ги знаете овие трикови:

1. Избегнувајте го дождот, така што ќе ги складирате на некој сув простор.

2. Намачкајте ги со заштитен лак.


Камен

Камените површини се најлесни за одржување, но и нив не би било лошо да ги прекриете со нешто. Пред да ги користите следен пат, добро истријте го со четка.


Скара

Многу е важно скарата во дворот да ја исчистите по завршувањето на сезоната, за на пролет да не ве дочекаат старите маснотии залепени на скарата.

Би можело да ве интересира:

Совети за одгледување кротон – растение со уникатни листови кое бара посебна нега Клучот за успешно одгледување на кротон е одржувањето на иста температура во сек...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
4 детали со кои вашиот балкон ќе добие шмек како да е во Париз Ако имате мал балкон не очајувајте – само 4 ситници може да му дадат француски ш...
Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење Секој цвет има своја симболика па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесе...
6 совети со кои божурите во вазна ќе останат свежи и раскошни подолго време Што треба да направите пред да ги ставите во вазна и како треба да ги негувате з...
Совети за одгледување љубичици: Издржливи на ниски температури, цветни и во зима Љубичиците најчесто се едногодишни растенија, а се одгледува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg