Совети од професионалните цвеќари: Како цвеќето во домот да ви трае до 3 пати подолго?
Комбинацијата на неколку видови на цветови ќе го направи секој дом поубав и ќе му даде разноликост и топлина. Со помош на овие совети, таа убавина во домот ќе ви трае три пати подолго време...
1. Ако сакате цветниот аранжман да трае што подолго, одберете хризантеми. Секој цвет има различен животен век, па најдобро би било да проверите со цвеќарницата или да прочитате на етикетата пред да го купите.
2. Врз основа на бојата можете да заклучите колку навистина е свеж цветот. Ако забележите дека листовите се бледи или жолтеникава, пупките отворени, тогаш не го купувајте овој цвет.
3. Цветот нема да остане долго време свеж ако го извадите од вода. Секоја секунда е важна. Затоа добро би било веднаш после купувањето да одите дома и да го ставите цветот во вазна.
4. Спасете го овенатото цвеќе на тој начин што стеблото ќе го ставите во зовриена вода и ќе го извадите после 10 секунди. За розите ви е потребна половина минута, а истото важи и за цветовите со подолги стебла.
5. Никако не смеете да го скршите стеблото, бидејќи на тој начин цветот нема да прима доволно вода. Со ножици исечете го стеблото, но тоа правете го под вода за цвеќето да не прими воздух.
6. Бактериите се најголема опасност за билките. Затоа секој цвет добро измијте го со вода, во која претходно сте додале лажичка алкохолен оцет. Секој ден по малку кратете го стеблото и менувајте ја водата, а доколку еден цвет овене тргнете го од другите.
7. Цвеќето мора да се храни. Не е доволно само да се стави во вода, туку во цвеќарниците ќе пронајдете и торбички кои служат за потхранување на цвеќињата. Во нив најчесто има шеќер и антибактериски средства. Исто така, во водата можете да додадете 1dl лимонада.
8. Кога правите букет, обрнете внимание на овие три работи: во средината ставете најголемиот и најатрактивниот цвет. Потоа одберете поголем број на цветови со кои ќе го пополните остатокот од букетот. За крај, додајте неколку мали цветови со различни бои и текстури за да добиете единствен изглед.