Инспирација: Мала градина од билки и зачини која може да ја одгледувате дома (фото)
Доколку сте страсен љубител на готвењето многу веројатно дека секогаш сакате да имате широка палета на билки и зачини во домот или едноставно сакате да уживате во убавината на зеленилото.
Сега можете и вие да имате малечка градина во вашиот дом. Еве неколку идеи:
Едноставно не мора секогаш да претрчувате до најблиската продавница кога ќе бидете во недостиг на копар или босилек. Можете и дома да ги одгледувате.
За тоа нема да ви биде потребно многу време ниту пак труд. Билките и зачините се многу едноставни за одгледување и не бараат големо внимание од ваша страна.
Можете да ги чувате дома или надвор на балконот или во дворот, во зависност од тоа каде живеете. Потребни ви се само мали саксиички во кои во земјата ќе ставите неколку семиња.
Билките не бараат многу вода и доволна им е умерена количина на дневна светлина. Можете да ги поставите на прозорот од кујната. Зеленилото ќе ве опушта додека готвите.
Или секако можете да го разубавите дворот ова лето и да се опуштите со погледот кој ќе го имате секој пат кога ќе го пиете утринското кафе или вечерниот коктел заедно со пријателите.
Еве неколку интересни места на кои можете да ги поставите вашите билки и да уживате по погледот.