Во пресрет на пролетта: Освежување на вашиот двор
Веселите бои, деталите и свежото цвеќе се хит декорации за претстојната пролет, баш како и секоја претходна.
Затоа, обојте ги старите клупи, пренаменете ги старите фиоки, засадете ново зеленило и уживајте во сончевите денови кои следат.
Еве од каде да започнете:
Весели балони
Балоните во дворот не мора да бидат само декорација за роденден. Оваа пролет без никаков повод накитете го ѕидот или дрвената ограда. Ќе забележите огромна промена и освежување на просторот.
Разиграни куќички
Една, две или повеќе куќички за птици може да ви го направат дворот прекрасен и живописен. Разиграноста од бои и форми ќе ве воодушеви, а воедно и ќе ги израдува најмладите.
Модернистички саксии
Изработете уникатни и оригинални саксии или преработете ги старите. Одбирајте свежи бои и необични облици. Допуштете си уметничко уживање!
Обојте го дрвениот мебел
Ако имате дрвени клупи во стандардна кафена боја, оваа пролет обојте ги. Црвените тонови и интересните насликани форми може целосно да го променат изгледот на дворот.
Рустичен детаљ
Старите фиоки искористете ги како саксии. Поиграјте си со нивната намена, форма, големина, боја и добијте оригинален детаљ кој се вклопува во сечиј двор.
Пруги
За кратко, ручекот и кафето со пријателите ќе се пресели на домашните тераси, па затоа добро искористете ја фантазијата. За попријатна атмосфера постелете украсни салфети во пруги или пак додајте по некоја перничка со истиот дезен.
И пролетното уживање може да започне!