Дворче во Стојаково со многу природно зеленило и поглед кон зајдисонце - вистински рај за очи

Сардели, љубичици, петунии, дрвца и многу природно зеленило… Дворче сместено на периферијата од село Стојаково е вистински рај за уживање, особено за децата.

dvorche-vo-stojakovo-so-mnogu-prirodno-zelenilo-i-pogled-kon-zajdisonce-e-vistinski-raj-za-uzhivanje-01_1.jpg

За љубителите на зеленило и цвеќиња, средувањето на градината претставува вистинско задоволство и момент за релаксација. Тоа го потврдува и Магдалена од Стојаково, која вистински ужива во уредувањето на градината и одгледувањето на цвеќињата.

Подалеку од центарот и со поглед кон планината Кожуф, испиеното кафе во ова дворче вистински опушта благодарение на прекрасното зеленило, разнобојните цвеќиња и зелените дрвца.

Дворниот простор е уреден со голем број декоративни саксии, декор од камен, но и декор на дрвјата.

Секако, забележителни се и реквизитите и елементите наменети за најмалите членови во семејството: лулашка, лизгалка, куќичка...

dvorche-vo-stojakovo-so-mnogu-prirodno-zelenilo-i-pogled-kon-zajdisonce-e-vistinski-raj-za-uzhivanje-14.jpg

На зајдисонце, забележителна е вистинската магија на природата, зашто оттука непречено може да се ужива во последните сончеви зраци. 

Во изјава за CRNOBELO.com, Магдалена вели дека одржувањето на целата убавина бара посветеност и време. 

„Наводнувањето, особено во летните месеци, мора да биде секојдневно, бидејќи овде температурите во летниот период честопати достигнуваат и над 40 степени Целзиусови.

За убав изглед на тревата, мора да се коси барем два пати неделно.

dvorche-vo-stojakovo-so-mnogu-prirodno-zelenilo-i-pogled-kon-zajdisonce-e-vistinski-raj-za-uzhivanje-08.jpg

Има повеќе обврски околу дворот, средување, чистење од ливчиња, наводнување на трева и саксиско цвеќе, но, кога се работи со љубов, тежината на задачата не се чувствува“, вели Магдалена.

dvorche-vo-stojakovo-so-mnogu-prirodno-zelenilo-i-pogled-kon-zajdisonce-e-vistinski-raj-za-uzhivanje-09.jpg

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од дворчето на Магдалена:

dvorche-vo-stojakovo-so-mnogu-prirodno-zelenilo-i-pogled-kon-zajdisonce-e-vistinski-raj-za-uzhivanje-07.jpg

dvorche-vo-stojakovo-so-mnogu-prirodno-zelenilo-i-pogled-kon-zajdisonce-e-vistinski-raj-za-uzhivanje-09_copy.jpg

Продолжува на следната страница ...



Би можело да ве интересира:

Славица од крушевско изработува расцветани дрвца од гранки: „Сакав да им дадам нов живот“ Со цветните креации на Славица од крушевско Свети Митрани цела година во нејзино...
Во дворчето на Ангелина и Перо во Дојран: Соларни пеперутки и фонтана за уживање на пролетното сонце Ангелина и Перо Митаноски од Дојран, љубовта кон уредувањето на ентериерот и екс...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...
Уникатен цвет со боцки: Совети за одгледување Исусов трн Иако е мошне едноставно растение за одгледување, Исусовиот трн спаѓа во отровнит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg