Одгледување бонсаи во 6 чекори - доволно едноставни и за неискусни

Не го избегнувајте ѓубривото

Експертите советуваат да ги прихранувате овие дрвца со ѓубриво за да им го поттикнете растот.

Ѓубривото е исклучително важно за одржување здрави растенија, бидејќи нивните корени се стегнати и ограничени само на хранливите материи достапни во саксијата.

Напролет користете ѓубриво со високо ниво на азот за да го поттикнете растот и да ја одржувате зелената боја. Во есен користете ѓубриво со пониско ниво на азот.

vodich-za-ljubitelite-na-bonsai-shest-soveti-koi-kje-vi-bidat-od-korist-08.jpg

Кројте ги гранките

За да го поттикнете растот и да ја одржувате големината и формата на бонсаи дрвцето, важно е да ги кроите гранките.

Листопадните дрвца бонсаи пак, исто така имаат корист од обезлистување, еднаш годишно или, пак, отсекување на дел или сите новоизраснати лисја, за да поттикнете раст на нови.

Секако, внимавајте да го исечете листот, а стеблото да го оставите неоштетено. 

За да го намалите ризикот од грешка, пребарајте на интернет за видот на дрвцето што го одгледувате.

vodich-za-ljubitelite-na-bonsai-shest-soveti-koi-kje-vi-bidat-od-korist-06.jpg

Кога да се пресади во нова саксија?

Препорачливо е бонсаи дрвцето да се пресадува на секои 2 до 5 години, во зависност од видот и возраста на дрвцето.

Побрзорастечката сорта ќе треба да се пресадува на секои 2 години, додека оние кои растат побавно или кои се постари, може да издржат повеќе време во една саксија.

За да дознаете дали на вашето дрвце му треба пресадување, извадете го од саксијата во рана пролет и проверете ја состојбата на корените. Ако се исплеткани корените околу саксијата, тогаш дефинитивно е време да се пресади бидејќи во тој случај не се исхранува добро.

Исечете ги корените што ја надминале големината на саксијата, но никогаш не сечете повеќе од 30% од корените на бонсаи дрвцето.

vodich-za-ljubitelite-na-bonsai-shest-soveti-koi-kje-vi-bidat-od-korist-09.jpg

Зошто да се одлучите да одгледувате бонсаи?

Доколку ви требаат дополнителни причини за да се одлучите да одгледувате бонсаи дрвце, тогаш имајте предвид дека тоа го прочистува воздухот и го намалува стресот.

„Интеракцијата“ со бонсаи дрвцето може да ви помогне да го намалите крвниот притисок и нивото на стрес.

Уште една причина плус да се решите за бонсаи е тоа што со него ќе ја зголемите вашата трпеливост.

Без разлика дали ќе купите бонсаи или ќе се одлучите самите да го засадите и одгледувате, тоа ќе ве научи на трпеливост, затоа што треба да бидете фокусирани кога го кроите, пресадувате, наводнувате...

vodich-za-ljubitelite-na-bonsai-shest-soveti-koi-kje-vi-bidat-od-korist-10.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Славица од крушевско изработува расцветани дрвца од гранки: „Сакав да им дадам нов живот“ Со цветните креации на Славица од крушевско Свети Митрани цела година во нејзино...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...
Во дворчето на Ангелина и Перо во Дојран: Соларни пеперутки и фонтана за уживање на пролетното сонце Ангелина и Перо Митаноски од Дојран, љубовта кон уредувањето на ентериерот и екс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg