Одгледување бонсаи во 6 чекори - доволно едноставни и за неискусни
Одберете вид на дрво кое расте бавно, не претерувајте со наводнување и повремено кројте ги листовите и гранчињата за да ја одржите формата - Одгледувањето бонсаи е предизвик, но лесно можете да го совладате, дури и ако настојувате да „убивате“ кактуси.
Бонсаито дава целосен впечаток на големо дрво, но во минијатурна форма, а токму ова го прави уникатно и убаво.
Повеќето луѓе одгледуваат мали или средни бонсаи, но на некои тоа им станува опсесија и ги претвораат во поголеми дрвца.
Оние кои се занимаваат со одгледување и размножување бонсаи, поминуваат часови, недели па дури и месеци внимателно проучувајќи ги дрвцата за да ги претворат во најдобрата можна форма.
Ако и вие сте љубители на бонсаи, имате или планирате да купите за во вашиот дом, треба да знаете како добро да се грижите за нив.
Во продолжение, шест совети кои ќе ви помогнат да го одгледувате ова минијатурно уметничко дрвце:
Започнете со одгледување лесен вид
Доколку не сте многу искусни, треба да имате предвид дека брзорастечките растенија воопшто не се погодни за овој вид уметност, затоа што тие имаат повеќе израстоци во една сезона, што никако не одговара за бонсаи.
Полесни за грижа се дрвцата кои растат бавно, многу бавно. Колку побавно растат, толку поубаво ќе биде бонсаи дрвцето.
Обидете се да му ги создадете неговите природни услови
Кога се чува во затворен простор, треба да го проветрувате секој втор ден, а да го наводнувате само кога почвата ќе достигне целосна сувост.
Ако саксијата не се исуши по неколку дена, тогаш ставете го бонсаи дрвцето на посветло место.
Бонсаито мора да биде изложено на сонце повеќе од пет часа во текот на денот, или ќе почне да венее.
Секоја сончева просторија или прозорец свртен кон југ, ќе му годи. Исто како и домашните растенија, колку повеќе му создадете услови како во нивното природно живеалиште, толку поздрави и посвежи дрвца ќе го красат вашиот дом.
Следете ја влажноста на растението
Бонсаи дрвцето не сака премногу вода.
Колку често ќе му треба вода на вашето бонсаи, зависи од видот на дрвото, неговата големина, локација и сезоната (особено ако е на отворено).
Генерално, бонсаито треба да се наводнува откако ќе се исуши почвата - околу еднаш неделно. Во зимските месеци, наводнувањето може да биде и поретко.