Дворче во Битола е мевлем за очи - со летниковец, црвени петунии и сардели (фото)
Буквално да посакате да сте седнати во дворчето навечер пред зајдисонце, за да го впиете денот што одминува. Или да уживате преку ден – да се скриете во сенката на летниковецот додека сонцето е високо на небото. Виолета Јанеска од Битола го има тоа задоволство...
Дворче во Битола е вистински мевлем за очи. Со многу зеленило, по некоја бела и многу црвени петунии и сардели, убаво распоредени во саксии низ дворот и покрај куќата, глетката мами воздишки.
Целата слика ја дополнуваат и деталите – дрвена лулашка, саксии со форма на лебеди, импровизиран бунар, направен од стари автомобилски гуми и прекрасен летниковец.
Фотографиите од своето дворче на Фејсбук ги објави Виолета Јанеска.
Иако вели дека е скромно, членовите на групата „ДВОРЧЕТО“ не се сложуваат со неа, па ѝ коментираат дека е прекрасно.
Признајте, гледајќи го, си посакувате да сте таму навечер пред зајдисонце за да го впиете денот што одминува.
Или да уживате преку ден – да се скриете во сенката на летниковецот додека сонцето е високо на небото.
Повеќе фотографии од дворчето во Битола на следната страница:
А. Ј. | Црнобело