7 детали во домот што гостите веднаш ги забележуваат (и оставаат лош впечаток)

Чинии од разни комплети

Ако каните гости на ручек или вечера, потрудете се да ја послужите храната во чинии од ист комплет.

Со различни чинии ќе делувате како да не ви е грижа за гостите, особено ако чиниите се и со различни големини.

7-detali-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ostavaat-losh-vpechatok-05.jpg

Прекривка на масата

Прекривките се одличен начин да ги заштитите масите, но избегнувајте ги кога имате гости.

Трпезата ќе изгледа многу подобро ако ставите подметнувачи за чинии со дезен што се вклопува со ентериерот.

Доколку сепак не сакате да се откажете од прекривката, осигурете се дека на неа ќе нема дамки од храна.

7-detali-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ostavaat-losh-vpechatok-06.jpg

Многу мал тепих

Малите теписи не изгледаат воопшто добро во големи простории.

Ако не сакате откриени подови, во дневната соба препорачливо е тепихот да го зафаќа целиот простор за седење.

7-detali-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ostavaat-losh-vpechatok-07.jpg

Расфрлани кабли

Дури и најубаво уредениот дом ќе изгледа несредено ако има расфрлани кабли.

Па, потрудете се да ги скриете.

7-detali-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ostavaat-losh-vpechatok-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg