7 детали во домот што гостите веднаш ги забележуваат (и оставаат лош впечаток)
Ако имате гости на ручек или вечера, немојте да ги послужите со чинии од различни сетови. Кои други ситници во домот веднаш го привлекуваат вниманието на гостите?
Нормално е да сакате да го средите домот кога викате гости, дури и ако станува збор за навистина блиски пријатели.
Сепак, постојат некои ситници кои сите настојуваме да ги игнорираме, но оставаат лош впечаток бидејќи веднаш го привлекуваат вниманието.
7 детали во домот што гостите веднаш ги забележуваат:
Прибор со пластични дршки
Сите имаме прибор со пластични дршки, но избегнувајте да го користите за гости.
Овој прибор е потежок за чистење и на него лесно се акумулираат нечистотии, па оставате лош впечаток ако им го понудите на гостите.
Пластични саксии
Растенијата се одличен начин да го освежите домот, но избегнувајте да ги чувате во пластични саксии.
Покрај тоа што изгледаат „евтино“, ако пластиката се изгребе и извалка, потоа е речиси невозможно да ги исчистите.
Вештачки растенија
Покрај пластичните саксии, добро би било да ги избегнувате и пластичните растенија.
Овие украси никогаш нема да можат да ги заменат свежите растенија, а и собираат многу прашина.
Ако сметате дека немате нерви за природни растенија, консултирајте се со експерт во цвеќара – навистина постојат растенија на кои не треба да им првите ништо, освен да им ставате вода еднаш-двапати неделно.