10 ситници на кои треба да обрнете внимание пред да ви дојдат гости за да се покажете како добар домаќин

Сместете ги гостите на најудобните места за седење

Секогаш потрудете се на гостите да им биде удобно и не дозволувајте тие да седат на резервното столче.

10-sitnici-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-pred-da-vi-dojdat-gosti-za-da-se-pokazhete-kako-dobar-domakjin-07.jpg

Фрлете го ѓубрето

Покрај тоа што изгледа неуредно, од ѓубрето се шири непријатен мирис кој гостите сигурни ќе го забележат.

10-sitnici-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-pred-da-vi-dojdat-gosti-za-da-se-pokazhete-kako-dobar-domakjin-08.jpg

Не избувнувајте ако се случи незгода

Некогаш се случува гостите да истурат нешто на тепихот или креветот. Во овој случај немојте да избувнувате и не правете гостите да се чувствуваат непријатно.

Само набрзина средете го нередот и потоа не го ни спомнувајте.

10-sitnici-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-pred-da-vi-dojdat-gosti-za-da-se-pokazhete-kako-dobar-domakjin-09.jpg

Средете го ходникот

Ходникот е првото нешто што го гледаат гостите, па осигурете се дека ќе нема расфрлани чевли и лично.

10-sitnici-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-pred-da-vi-dojdat-gosti-za-da-se-pokazhete-kako-dobar-domakjin-10.jpg

Не очекувајте гостите да чистат

Повеќето луѓе понудуваат да помогнат со средувањето, и тоа е сосема во ред.

Ако самите инсистираат, дозволете им да однесат некоја чинија до кујната, но немојте да очекувате да мијат садови, да ја бришат масата и слично.

10-sitnici-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-pred-da-vi-dojdat-gosti-za-da-se-pokazhete-kako-dobar-domakjin-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg