8 навики во чистењето на домот кои се бескорисни и треба да ги заборавите
Комбинацијата од оцет и сода бикарбона е одлична за многу работи, но сепак не можете да ја користите за сè – оваа комбинација нема да ги отстрани многу тврдокорните дамки, нема да направи дезинфекција и може да оштети некои површини.
Постојат многу трикови кои ни го олеснуваат чистењето на домот, но само затоа што функционираат за едно нешто, не значи дека се ефикасни за сè.
Кои трикови и навики во чистењето на домот се бескорисни во некои случаи?
Пробувате да исчистите сè со сода бикарбона и оцет
Иако оваа комбинација е одлична за чистење многу нешта во домот, сепак не може да исчисти сè.
Оваа комбинација е добра за отстранување масти, како и за чистење нежни површини кои можат да се оштетат со други хемикалии. Може да отстрани и малку бигор, но не ако има наталожено премногу.
Ако треба темелно да исчистите некој дел од домот и сакате да го дезинфицирате, тогаш препорачливо е да користите соодветен продукт за тоа.
Исто така, немојте никако да чистите огледала со сода бикарбона и оцет бидејќи можете да ги оштетите.
Не е препорачливо да ја користите комбинацијата ни за површини од гранит и мермер, ниту за дрвени површини.
Мешате неколку продукти за чистење
Ако имате навика да мешате неколку продукти за чистење за поголема ефикасност, најдобро престанете.
Освен ако не сте експерт за хемија, не можете да знаете какво соединение ќе направите со различните хемиски средства.
Некои комбинации од средства за чистење можат да бидат и токсични, па немојте да ризикувате.
Веднаш ја триете дамката штом ќе ви се истури нешто на тепихот
Ако на тепихот ви се истури црвени вино или течност која остава дамки, немојте веднаш врз неа да ставите средство за чистење и да почнете да ја триете. Вака можете да ја влошите ситуацијата.
Наместо тоа, прво впијте го вишокот течност со крпа, па нанесете го продуктот. Повторно впијте го вишокот течност и дури потоа истријте ја дамката.
Користите избелувач за просторот помеѓу плочките
Иако избелувачот изгледа како ефикасно средство за многу работи, избегнувајте да го користите за простор помеѓу плочките.
Ако често ги чистите плочките на овој начин, со текот на времето избелувачот ќе ги оштети.