-->
-->


8 навики во чистењето на домот кои се бескорисни и треба да ги заборавите

Комбинацијата од оцет и сода бикарбона е одлична за многу работи, но сепак не можете да ја користите за сè – оваа комбинација нема да ги отстрани многу тврдокорните дамки, нема да направи дезинфекција и може да оштети некои површини.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite-01.jpg

Постојат многу трикови кои ни го олеснуваат чистењето на домот, но само затоа што функционираат за едно нешто, не значи дека се ефикасни за сè.

Кои трикови и навики во чистењето на домот се бескорисни во некои случаи?

Пробувате да исчистите сè со сода бикарбона и оцет

Иако оваа комбинација е одлична за чистење многу нешта во домот, сепак не може да исчисти сè.

Оваа комбинација е добра за отстранување масти, како и за чистење нежни површини кои можат да се оштетат со други хемикалии. Може да отстрани и малку бигор, но не ако има наталожено премногу.

Ако треба темелно да исчистите некој дел од домот и сакате да го дезинфицирате, тогаш препорачливо е да користите соодветен продукт за тоа.

Исто така, немојте никако да чистите огледала со сода бикарбона и оцет бидејќи можете да ги оштетите.

Не е препорачливо да ја користите комбинацијата ни за површини од гранит и мермер, ниту за дрвени површини.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite-02.jpg

Мешате неколку продукти за чистење

Ако имате навика да мешате неколку продукти за чистење за поголема ефикасност, најдобро престанете.

Освен ако не сте експерт за хемија, не можете да знаете какво соединение ќе направите со различните хемиски средства.

Некои комбинации од средства за чистење можат да бидат и токсични, па немојте да ризикувате.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite-03.jpg

Веднаш ја триете дамката штом ќе ви се истури нешто на тепихот

Ако на тепихот ви се истури црвени вино или течност која остава дамки, немојте веднаш врз неа да ставите средство за чистење и да почнете да ја триете. Вака можете да ја влошите ситуацијата.

Наместо тоа, прво впијте го вишокот течност со крпа, па нанесете го продуктот. Повторно впијте го вишокот течност и дури потоа истријте ја дамката.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite-04.jpg

Користите избелувач за просторот помеѓу плочките

Иако избелувачот изгледа како ефикасно средство за многу работи, избегнувајте да го користите за простор помеѓу плочките.

Ако често ги чистите плочките на овој начин, со текот на времето избелувачот ќе ги оштети.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 грешки што (сите) ги правиме кога го чистиме домот Ставате премногу детергент, користите памучни наместо микрофибер крпи - кои се н...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
Што се сребрени рипчиња и како ефикасно да се ослободите од овие инсекти во домот? Сребрените рипчиња се непријатни, но чести жители на нашите домови. Тие не се ни...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg