Едноставни трикови со кои чистењето на домот нема да ви биде најомразената обврска
Дајте им време на хемикалиите да дејствуваат
На многу продукти за чистење, како оние за отстранување бигор, пишува да ги оставите да делуваат неколку минути.
И, има многу добра причина за ова – хемикалиите ќе ја завршат скоро целата работа за вас и ќе нема потреба да триете половина час.
Ставете маслиново масло на челичните површини
Откако ќе ги исчистите површините од челик, можете да ги полирате со маслиново масло.
На микрофибер крпа ставете неколку капки маслиново масло и поминете по површините од челик.
Важно е да ставите многу малку масло за површината да не биде мрсна.
Не чекајте домот да биде хаос за да почнете со чистење
Чистењето ќе ви биде многу полесна обврска ако не дозволите во домот да настане хаос.
Секој ден враќајте ја облеката во гардероберот или ставајте ја во корпата за валкана облека, по јадење веднаш измијте ги садовите, враќајте ги предметите на место кога ќе завршите со нив…
На овој начин домот постојано ќе ви биде среден и ќе ви остане единствено да го исчистите подот и да избришете прашина.
Отстранувајте ги влакната на милениците надвор
Ако имате двор или тераса, препорачливо е да ги чешлате милениците надвор.
Купете стругалка за плотната
Специјалната стругалка лесно ги отстранува загорените остатоци од храна, без да ја оштети плотната.
Па, вреди да купите една.
Спирова С. | Црнобело