8 трикови со кои ќе си го олесните готвењето (и ќе заштедите пари)

Како да извадите лушпа од скршеното јајце?

На сите ни се случило откако ќе го скршиме јајцето, во него да ни падне и дел од лушпата.

А, вадењето на ова мало парче лушпа може да биде вистински предизвик.

Но знаевте ли дека можете да го извадите многу лесно со останатиот дел од лушпата, како на фотографиите подолу?

8-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-gi-namalite-frlanjeto-hrana-i-kujnskiot-otpad-06.jpg

Продолжете им го рокот на јагодите

Јагодите, но и другите слични овошја, можат да ви траат подолго ако ги чувате во влажна крпа или хартиен бришач за раце.

Прво накиснете ги јагодите во смеса од три шолји студена вода и една шолја оцет. Оставете ги да отстојат 10 минути, па добро исплакнете.

На крај навлажнете крпа или хартиен бришач, ставете го во пластична или стаклена кутија, па внатре ставете ги јагодите.

Добро затворете го садот и чувајте ги во фрижидер.

8-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-gi-namalite-frlanjeto-hrana-i-kujnskiot-otpad-07.jpg

Како да му го продолжите рокот на излупениот лук?

Ако излупите повеќе чешниња лук од потребното, не мора да ги фрлате.

Само ставете ги во сад со вода, затворете го и ставете ги во фрижидер.

8-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-gi-namalite-frlanjeto-hrana-i-kujnskiot-otpad08.jpg

Чувајте ги лушпите од зеленчукот за да направите ѓубриво за растенијата

Лушпите од зеленчукот и сите делови од него што инаку би ги фрлиле можете да ги користите за да си направите ѓубриво за вашите растенија.

Кога ќе соберете повеќе остатоци, ставете ги во саксија со малку земја, па прекријте ги со друг слој земја.

Одвреме-навреме додавајте вода и промешувајте ја земјата.

Со текот на времето остатоците ќе се разградат и ќе ја збогатат почвата со хранливи материи.

8-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-gi-namalite-frlanjeto-hrana-i-kujnskiot-otpad-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
9 работи на кои не обрнувате внимание во продавница, а се корисни за домот Додаток за чешма за поубаво распрскување на водата, вакуум ќеси за складирање об...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg