10 работи кои се виновни за хаосот во вашата кујна (и време е да ги фрлите)

Стари сунѓери за садови

Сунѓерите се совршено место за развој на бактерии и препорачливо е да ги менувате на секои две-три недели.

А, штом ќе го замените сунѓерот, фрлете го стариот бидејќи нема да ви користи за ништо.

predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-nikogash-nema-da-gi-upotrebite-i-samo-vi-zafakjaat-mesto-08.jpg

Стари зачини

Зачините имаат подолг рок на траење од повеќето намирници, но ако шкафчето ви е полно со зачини кои не ни помните кога сте ги купиле, најдобро фрлете ги. Бидејќи, ако не сте ги употребиле досега, сигурно нема ни да ги употребите.

Истовремено, со текот на времето тие ја губат аромата и се практично бескорисни.

predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-nikogash-nema-da-gi-upotrebite-i-samo-vi-zafakjaat-mesto-09.jpg

„Древни“ кујнски апарати

Ако имате стар апарат кој е во функција и си го користите редовно, тоа е сосема во ред.

Но, сите апарати кои само „фаќаат прашина“ е најдобро да ги фрлите или подарите.

predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-nikogash-nema-da-gi-upotrebite-i-samo-vi-zafakjaat-mesto-10.jpg

Садови за храна без капак

Веројатно во кујната имате садови за складирање храна без капак кои се практично неупотребливи и нема потреба да ви зафаќаат место.

predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-nikogash-nema-da-gi-upotrebite-i-samo-vi-zafakjaat-mesto-11.jpg

Продукти за чистење што не ги користите

На сите ни се случило да купиме непроверен продукт за чистење, кој на крај не ни се допаднал и воопшто не го користиме.

Ако имате вакви продукти, или подарете ѝ ги на личност што ќе ги користи, или фрлете ги.

predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-nikogash-nema-da-gi-upotrebite-i-samo-vi-zafakjaat-mesto-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg