10 грешки што ги правиме сите во кујната, а му штетат на нашето здравје
Дали имате навика да го ставите тенџерето со преостанатиот ручек во фрижидерот? Тенџерињата не се затвораат херметички, што значи сите бактерии од фрижидерот ќе завршат во вашата храна. Затоа, многу подобро е да користите садови со капак.
Секако дека не треба да бидете опседнати со тоа вашиот дом да биде беспрекорно чист, особено кога имате и бројни други обврски, но добро би било да избегнувате некои грешки кои можат да предизвикаат сериозни проблеми.
Сите правиме по некоја ваква грешка, најмногу бидејќи не сме ни помислиле дека може да ни наштети.
Во продолжение 10-те најчести грешки кои е најдобро да ги избегнувате:
Ја чувате храната во тенџере
Ако ви остане храна од некој оброк, немојте да ја чувате во садот во којшто сте ја зготвиле. Потребно е да ја складирате храната во садови за таа намена.
Во фрижидерот може да има многу микроорганизми кои лесно ќе завршат во тенџерето бидејќи не можете да го затворите херметички. Од друга страна, садовите за складирање храна се затворат токму така и ја штитат храната.
Чувате храна во конзерви
Од истите причини што ги спомнавме погоре, препорачливо е и храната од конзерви да ја префрлите во сад со капак.
Користите изгребани тави
Не само што ќе ви се залепи храната на изгребаните тави, туку поради гребаниците, во јадењето можат да завршат и делчиња од горниот слој на тавата.
За да не мора постојано да купувате нова тава штом ќе ви се изгребе онаа што ја имате, можеби добро е да платите повеќе за квалитетен модел што ќе трае многу подолго.
Го отстранувате мувлосаниот дел од храна и го јадете другото
Можеби навидум во исечениот леб има само едно мувлосано парче и другите се недопрени. Но, ова не значи дека се безбедни за јадење.
Голема е веројатноста мувлата од едното парче да се префрлила и на другите, само да не е доволно развиена за да ја видите.
Затоа, најбезбедно е да ја фрлите храната штом ќе забележите и најмали знаци на мувла.
Ретко го менувате сунѓерот за миење садови
Сунѓерите се совршено место за развој на бактерии кои потоа можат да завршат на садовите што ги миете. Поради ова, важно е да го чувате сунѓерот на суво место откако ќе завршите со миење.
Исто така, штом ќе забележите дека ја изгубил формата и мириса непријатно, заменете го со нов.