Трик: Како природната елка да не се исуши до крајот на празниците?
Кога се бира новогодишна елка за празниците, секогаш постојат два табори – едниот инсистира да е вештачка и практична, додека другите веруваат дека мирисот на пластика не може да го замени мирисот на природната елка.
Па, ако сте од вторите, точно ја знаете маката со игличките само неколку денови откако сте ја накитиле елката.
За среќа, има еден трик кој можеби никој не ви го кажал.
Покрај тоа што дрвцето треба да се чува подалеку од извор на топлина, треба и редовно да се залева.
Трикот е во тоа што при полевањето, се советува во водата да додадете малку газиран сок.
Помешајте 3dl обична вода со 1dl газиран сок од лимон, па со таа мешавина на неколку дена полевајте ја елката.
Ова е добро решение за сите видови на пресечено цвеќе и дрвја, бидејќи шеќерот обезбедува доволно хранливи материи за растението.
М. Д. | Црнобело