Мајка на 6 деца открива: „Како го одржувам домот чист, освен кога има битка со шпагети“
„Ако дојдете среде ден кога има битка со шпагети болоњезе, јасно ќе биде дека тука живеат 8 луѓе, но во поголем дел од времето секогаш е средено“ – вели мајката која открива неколку трикови со кои го одржува домот среден иако има 6 деца.
Дури и родителите кои имаат едно дете знаат што значи да се живее во неред понекогаш, па замислете како им е на оние родители кои живеат со 6 деца.
Насекаде играчки, облека, тон садови од храната за сите деца и што уште не – си замислувате веќе во глава, нели?
Крешел Картер е мајка на 6 мали деца, која на својот блог и на Инстаграм постојано споделува моменти од нејзиното возбудливо секојдневие.
Иако многумина претпоставуваат дека во нејзиниот дом владее хаос, сепак таа вели дека во поголем дел од времето, домот им е среден, а во тоа има улога секој член од семејството.
„Вистина е, ако дојдете среде ден, кога се одвива битка со шпагети болоњезе, тогаш јасно се гледа дека тука живеат 8 луѓе. Но, во поголем дел од случаите е средено. И тоа ме прави среќна. Претпоставувам дека тоа е така бидејќи се држиме до неколку едноставни правила.“
Нејзините фанови се чудат како е можно нејзинито дом да е толку чист, иако има 6 деца, а таа воедно и работи.
Правилата до кои се држи нејзиното семејство се:
1. Децата помагаат
Со децата имаме секакви активности, но секој мора на крај да си исчисти зад себе. Играчките се враќаат на место, валканата облека оди на перење, а чистата на свое место.
- Знаат да ги стават работите во корпа
- Се облекуваат сами
- Ставаат облека за перење
- Си го местат креветот
2. Вишокот работи се фрлаат
Навистина. Имам само садови кои редовно ги користам, имам само основни парчиња мебел, доволно постелнина за секој во домот, но не чуваме бескорисни глупости. На никој не му требаат 6 сетови за ручање, пластични садови кои не ги користите но ви ги поклонила тетка ви, и скинати играчки кои чекаат ред да се поправат. Сето тоа треба да се фрли.
3. Работите се складираат
Се трудиме секогаш да организираме. Имаме кутија за покривачи, кутија за диносауруси и играчки, дел за украсни хартии, шкафче со средства за чистење и сето тоа што не го користиме го фрламе. Сите работи си имаат свое место, организацијата е клуч. Немаме работи за фрлање во фиоките.
4. Искористете ги утрата
Никогаш не ја затворам вратата од нечист дом. Се трудам децата да си ги средат собите. Ако си играат наутро, потоа мора да е средено. Садоперот и масата мора да бидат чисти, садовите испрани. Тоа мора да биде готово до 7 ипол. И кога ќе се вратам од работа, мојот дом е чист. Можеби секогаш доцниме, но домот ми е чист.
5. Еден ден за чистење
Еден ден неделно, секоја недела. Подови, бањи, тоалети, садови, санитарии, постелнина, фрижидер, микробранова. Завршено. Не комплицирајте премногу. Треба околу 2 часа. Не очекувај премногу од себе секој ден. Утринското чистење е доволно секој ден, а потоа имаш еден ден за детално чистење. Пушти музика и исчисти. Јас ја сакам сабота наутро за тоа.
М. М. | Црнобело