10 предмети што треба да ги чистите секојдневно, а не го правите тоа
Нема потреба секој ден да правите генералка во домот, но некои предмети сепак бараат секојдневно чистење.
Сигурно немате време секој ден темелно да го чистите домот, и тоа е сосем во ред. Сепак, некои предмети се користат многу почесто, па добро би било да ги чистите секој ден.
Погледнете за кои станува збор:
Тушот
Поради влагата, овде лесно се собираат бактерии кои сигурно не сакате да завршат во вашиот организам.
Прстени
Ако имате прстен што го носите секојдневно, морате и да го чистите секој ден. Под прстенот можат да се соберат секакви бактерии и нечистотии, и за да ги отстраните не е доволно само да се измиете раце. Затоа, секој ден чистете ги и вашите прстени.
Волан
Воланот го допирате со валкани раце, и тоа неколкупати во текот на денот. Па, тој секогаш е површина полна со бактерии. Важно е да го чистите воланот секојпат пред да го допрете, особено сега, кога сме сред пандемија.
Кваки
И кваките се предмет што постојано го допираме со валкани раце.
Тастатура
Ако редовно го користите лаптопот или компјутерот, осигурете се дека ќе ја исчистите тастатурата барем еднаш дневно. За ова, доволно ви е антибактериско марамче.