6 совети со кои ќе го средите гардероберот како професионалец
Колку пати досега не сте можеле да ја најдете омилената блуза бидејќи гардероберот ви е „хаос“?
Наутро ретко кој има време да „копа“ низ облеката, па ако гардероберот не ви е среден, само си создавате проблеми.
Ако сè уште не сте го нашле најдобриот начин да го организирате вашиот гардеробер, тогаш сигурно ќе ви се најдат следниве совети:
Прегледајте ја целата облеката
Ако на облеката има дамка што не се чисти, фрлете ја. Ако имате облека која веќе ви е мала или голема, ослободете се од неа.
Воглавно, ослободете се од сите парчиња облека што не ги носите. Може да биде тешко да го направите тоа, но штом некоја блуза не сте ја облекле две години, веројатно нема да ја облечете ни во иднина.
Организирајте според категорија
Панталоните нека стојат на едно место, блузите на друго, фустаните на трето… Организирајте ја облеката според категорија за полесно да ја наоѓате.
Организирајте по боја
Можете да ја организирате облеката и по боја – на едната страна нека стојат темните парчиња, на другата светлите, одвојте посебно место за црните...
Закачалки
Фрлете ги старите и истрошени закачалки и вложете во нови, кои ќе имаат иста боја и големина.
Најдобро е да купите светли закачалки, бидејќи секогаш се попрегледни.
Додатоци за полесна организација
Набавете полици или слично за вашиот накит, чанти, колани… На овој начин ќе ослободите повеќе место во гардероберот.
Простор за шапки и шешири
Закачете ги шапките и шеширите на ѕидот. На овој начин нема да ги оштетите, а и ќе ја украсите собата.
Спирова С. | Црнобело