Ситници поради кои вашиот дом изгледа „евтино“ и кич
Луѓето отсекогаш сакале да имаат удобен и пријатен дом, а истото важи и денес.
Факт е дека не секој може да си дозволи луксузен стан или куќа, но понекогаш, дури и да го имате најскапиот мебел, некои ситници прават вашиот дом да изгледа „евтино“ или кич.
Истовремено, нема потреба да го реновирате домот за да го освежите неговиот изглед. Сè што треба да направите е да се ослободите од некои работи, кои сигурно не ви се потребни, и само го нарушуваат изгледот на домашниот простор.
Погледнете за кои станува збор:
Постелнина од различни комплети
Кога ќе постелите чаршаф со еден дезен, а ќе ставите навлаки од сосем друг комплет, спалната соба сигурно нема да изгледа добро.
Подобро имајте само два комплета со чаршаф, навлаки и прекривка, отколку еден куп што не одговараат едни со други.
Магнети на фрижидерот
Магнетите се одличен начин да се потсетите на патувањата, но подобро чувајте ги на друго место. Или, ако сепак сакате да ви стојат на фрижидерот, барем организирајте ги и направете некаков ред.
Сатенски прекривки
Овие прекривки не се квалитетни и нивните дезени се многу застарени. Истовремено, речиси невозможно е да ги испеглате.
Различни капаци за тенџериња и тави
Ослободете се од капаците кои не одговараат на тенџерињата и тавите во вашата кујна. Секое тенџере се продава со капак, па користете го тој.
Стари теписи и ќебиња како прекривки
Ако користите стари ќебиња како прекривки или стари теписи, ќе ја уништите и најмодерната дневна соба.