Ситници поради кои вашиот дом изгледа „евтино“ и кич
Саксии во сите форми и бои
Ако имате растенија, погрижете се и за изгледот на саксиите. Ова може да направи огромна разлика.
Стари кујнски крпи
Ако со години користите исти крпи и на нив веќе има дамки кои не се отстрануваат, најдобро заменете ги со нови.
Чување предмети на прозорците
Не треба да ги користите прозорците како полици. На овој начин, вашиот дом секогаш ќе изгледа неуредно.
Ѕидни календари
Календарите се практични, но факт е дека изгледаат навистина лошо. Уште полошо ако на ѕидот ви стои календарот од минатата година.
Стара сушара за садови
Денес можете да најдете сушари за садови по навистина прифатлива цена, а промената на овој детаљ ќе направи голема разлика во кујната.
Масовно произведени украси
Ако сакате вашиот дом да изгледа уникатно, воздржете се од купување масовно произведени украси. Овие украси можете да ги најдете во речиси секој дом, па нема да изгледаат интересно.
Подобро украсете го домот со предмети што ви значат нешто, отколку непотребни украси.
Спирова С. | Црнобело