Ситници поради кои вашиот дом изгледа „евтино“ и кич
Черга пред вратата
Наместо обична стара дипла што секогаш ќе изгледа валкано, пред вратата ставете модерна, украсна подлога.
Скршени чинии и шолји
Сигурно имате барем една чинија со пукнатини што не ја фрлате бидејќи не е сосем скршена. Но, оштетените садови не само што ја грдат кујната, туку можат да ви се скршат дури ги користите.
Ѕидови украсени со декоративни камења
Овие украси можеби ќе изгледаат добро во голема куќа, но ако живеете во мал стан, ќе изгледаат застарено и невкусно.
Кадифени играчки наредени на креветите и полиците
Вашиот дом не е детска соба, па плишаните играчки само го уништуваат неговиот изглед. Ако сакате да ги чувате играчките од детството, најдете им друго место.
Загорени тави и тенџериња
Обидете се да ги исчистите загорените тенџериња и тави. Ако воопшто не се чистат, можеби треба да ги замените со нови.
Сушење облека среде соба
Сушењето облека може да биде проблем ако живеете во мал простор, но обидете се да не ја закачувате облеката среде соба. Или ставете ја на тераса, или во некој агол од собата.