За што сѐ можете да ја користите пастата за заби?

Пастата што ја користите за четкање на забите може да ви послужи за одржување на хигиената во домот.

za-shto-se-mozhete-da-ja-koristite-pastata-za-zabi-01.jpg

Пастата содржи сода бикарбона, а токму поради оваа состојка е ефикасна за отстранување секакви дамки.

Неверојатно е што сѐ можеме да направиме со помош на паста за заби, а во продолжение погледнете неколку необични примени:

Бања

Ако немате средства за чистење, можете да користите паста за заби. Со паста можете да ги избришете чешмите во кадата, мијалникот, тоалетот, но и да го исчистите огледалото.

Постапката е слична за сите површини - нанесете малку паста на крпа или сунѓер и направете неколку кружни движења. Потоа избришете ја површината со чиста сува или влажна крпа.

Neverojatno e kolku raboti mozeme da napravime so pomos na pasta za zabi 02

Кујна

Во кујната, пастата за заби ќе ви помогне да ги елиминирате мирисите по готвењето.

Сè што треба да направите, особено откако ќе го исечете кромидот, е да ставите паста за заби на дланките и добро да ги истриете.

Потоа исплакнете ги со вода и веднаш ќе забележите дека дури и вашите нокти изгледаат побели и посјајни.

Пастата е ефикасна и за чистење на сребрени и бакарни садови и прибор.

Спална соба

Пастата за заби е одличен сојузник при чистење чевли и накит. Кога станува збор за патики, гумата е често сива и неуредна. За да ги исчистите вашите патики, земете стара четка и со паста за заби истријте ја нечистотијата. Отстранете го вишокот паста со влажна крпа.

Истиот трик можете да го користите и при чистење на кожени чевли, но не го правете ова со превртената кожа.

Кога сакате да го освежите сребрениот накит, сторете го истото - нанесете паста на накитот, истријте го, а потоа избришете со сува крпа. Не ставајте паста на скапоцени камења и бисери, бидејќи можете да ги оштетите.

Neverojatno e kolku raboti mozeme da napravime so pomos na pasta za zabi 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg