Како вклучените сијалички да не завршат со пожар?

Знаевте ли дека природната елка може да изгори за само 30 секунди, а пожарот целосно да го опфати околниот мебел?

kako-da-se-zashtitite-od-pozhar-za-vreme-na-praznichnata-sezona-01.jpg

Со празничната сезона доаѓа и опасноста од избивање пожар поради немарното користење на новогодишните декорации.

Па за да не ги претворите Божиќ и Нова година во кошмар, добро би било да знаете кои мерки треба да ги преземете овој период.

Наједноставните работи што можете да ги направите е да не ја поставувате елката во близина на грејно тело и никогаш да не ги оставате сијаличките да светат кога не сте во просторијата.

Во продолжение погледнете на кои нешта треба да обрнете најмногу внимание:

Елка, сијалички и други украси

- Доколку украсувате природна елка, осигурете се дека не е премногу сува. Ако игличките на елката паѓаат кога ќе ги допрете, тоа е знак дека почнала да се суши. Кога ќе го поставите дрвото во домот, најдобро е да го ставите во вода.

- Ако купувате вештачка елка, распрашајте се дали има огноотпорни модели.

- Никогаш не ставајте ја елката во близина на грејно тело, без разлика дали е вештачка или природна. Истовремено, внимавајте да не го допира лустерот или кое било друго светло.

- Не палете свеќи во близина на елката.

- Не им дозволувајте на децата да ги редат сијаличките или да палат свеќи без ваш надзор.

kako-da-se-zashtitite-od-pozhar-za-vreme-na-praznichnata-sezona-02.jpg

- Ако на елката сакате да ставите прскалки, прво запалете ги, а потоа ставете ги на дрвото.

- Проверете ги сијаличките пред да ги ставите на елката. Доколку има прегорени, најдобро е да набавите нови. Истовремено, немојте да приклучувате неколку сијалички на ист штекер или продолжен кабел.

- Не ги оставајте сијаличките и свеќите запалени откако ќе си легнете. Всушност, никако не ги оставајте вклучени без надзор, без разлика за колку брзо ќе се вратите.

- Не ги оставајте децата и милениците сами во просторија со запалени свеќи и вклучени сијалички.

- Кога ги поставувате декорациите, немојте никогаш да ги блокирате излезите и прозорците во просторијата или домот. Во случај да настане пожар, вратите секогаш треба да бидат слободни.

kako-da-se-zashtitite-od-pozhar-za-vreme-na-praznichnata-sezona-03.jpg

Внимавајте и на надворешните украси

- Ако го украсувате влезот од домот со сијалички, добро проверете ги дали се исправни. Исто важно е да ги проверите и подложните кабли на коишто ќе ги приклучите. Немојте да ги оставате сијаличките вклучени долго време без надзор.

- Ако ги украсувате дворот и влезот со свеќи, осигурете се дека се добро прицврстени. И во овој случај, не оставајте ги свеќите долго без надзор.

- Ако палите коледарски оган во дворот, добро осигурете го местото. Пред да одите внатре, добро изгаснете го огнот. Најбезбедно е ако истурите и кофа вода врз жарот.

kako-da-se-zashtitite-od-pozhar-za-vreme-na-praznichnata-sezona-04.jpg

Бидете внимателни додека готвите

- Ако готвите нешто, никогаш не оставајте ја кујната празна. Важно е секогаш да бидете фокусирани на приготвувањето на храната. Ако сакате да излезете од просторијата, исклучете го шпоретот или рерната, па продолжете кога ќе се вратите.

- Ако готвите на плин, внимавајте на вашите деца. Кажете им дека никогаш не смеат да го допираат шпоретот и не им дозволувајте да ја мешаат храната што се готви. На овој начин лесно можат да си го запалат ракавот или да го повлечат садот со храна кон себе.

- Ова веројатно го знаете, но никогаш не ставајте вода на врело масло.

- Обрнете внимание на сите апарати во домот – перална, машина за садови, правосмукалка… Ако кој било од апаратите прави чуден звук или испушта чад, веднаш исклучете го струја. Најдобро е да не се обидувате сами да го решите проблемот, туку да викнете мајстор.

- Немојте да вклучувате повеќе куќни апарати на еден штекер или продолжен кабел.

- Ако во вашето соседство снема струја, исклучете ги апаратите кои биле вклучени. На овој начин нема да се вклучат сите наеднаш кога ќе дојде струјата.

kako-da-se-zashtitite-od-pozhar-za-vreme-na-praznichnata-sezona-05.jpg

Внимателно со прскалките и петардите

- Пред да ракувате со какви било експлозивни средства, внимателно прочитајте го упатството.

- Не им дозволувајте на децата да палат прскалки или петарди без ваш надзор.

- Ако фрлите неколку петарди во дворот, добро проверете каде паднале пред да си заминете. Истовремено, проверете дали се запалило нешто.

- Немојте да фрлате петарди и други запаливи средства во корпи, контејнери, боци и слично, за да бидат погласни. На овој начин не само што можете да се повредите, туку можете да направите и пожар. Од пожарот, пак, може да настане многу чад – со само 10 килограми хартија може да се направи околу 9.000 метри кубни чад. Од контејнер со 10 килограми пластика може да се развие и до 20.000 метри кубни чад.

kako-da-se-zashtitite-od-pozhar-za-vreme-na-praznichnata-sezona-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg