5 работи што треба да ги фотографирате пред да се преселите во изнајмен стан
За да избегнете расправија со сопственикот и да бидете сигурни дека ќе ви го вратат депозитот, пред да се преселите во изнајмен стан треба да проверите неколку важни работи.
Фотографирајте ги одредените области од станот и веднаш известете го сопственикот за вашите пронајдоци, бидејќи тоа е најбезбеден начин да избегнете евентуални проблеми.
Ова се пет работи што треба да ги фотографирате пред да се преселите во изнајмен стан:
1. Дупки од шајки
Постои голема веројатност дека поранешните станари ставале фотографии, огледала или полици на ѕидовите, или правеле какви било други интервенции во просторот поради кои требало да заковат шајки во ѕидот.
Сопствениците понекогаш не ги забележуваат овие дупки, што можат да предизвикаат штета, па затоа треба да ги фотографирате евентуалните дупки во ѕидови пред да се вселите и да го известите сопственикот за истите.
2. Оштетување на подовите
Подовите се подложни на оштетување, но вие не мора да бидете одговорни за каква било штета што не сте ја направиле. Затоа проверете ги сите подни површини и пријавете ги пукнатините на сопственикот.
3. Оштетување на прозорците
Проверете дали прозорците се отвораат и затвораат правилно. Обрнете внимание на оштетувањето на рамките на прозорецот, состојбата на стаклото и сите гребнатини за да видите дали ролетните работат правилно.
4. Апарати за домаќинство
Во повеќето изнајмени станови ќе ве пречекаат големи апарати за домаќинство, како што се фрижидери, печки, машини за перење, телевизори и слично.
Пред да се вселите нема да можете да проверите дали истите работат правилно, но веднаш можете да проверите, на пример, дали каблите се во добра состојба или се скршени во некоја област.
Можете веднаш да го вклучите ТВ-уредот, затоа не заборавајте да го сторите тоа.
5. Ѕидови
Ѕидовите најлесно можете да ги проверите, но понекогаш на големите површини не ги забележуваме недостатоците. Затоа, одвојте малку повеќе време и внимателно разгледајте ги, за да ги видите недостатоците на време.
Ашера | Црнобело