15 едноставни трикови што сигурно ќе ви се најдат
Отстранете ги деланките со вода и сода бикарбона
Повеќе нема потреба да трпите болка за да ја отстраните деланката од вашата рака. Доволно е да нанесете паста направена од вода и сода бикарбона. Оваа паста ќе направи деланката да излезе, по што ќе можете да ја отстраните.
Приврзок од клуч за патент
Доколку патентот на вашите панталони постојано се откопчува, можете да го прицврстите со приврзок од клуч. Ставете го приврзокот на патентот, а потоа закачувајте го на панталоните.
Како да проверите дали батеријата е полна?
Доколку имате батерии за кои не сте сигурни дали се полни или не, доволно е да ги пуштите да паднат на масата. Празните батерии ќе отскокнат повеќе од полните.
Ѓубралник како инка
Доколку треба да наполните кофа или некој поголем сад што не го собира во мијалникот, можете да искористите ѓубралник како на фотографијата.
Влажна хартија за брзо ладење на пијалаци
Пијалаците што се во стаклено шише можете да ги разладите со помош на влажна хартија. Околу шишето ставете влажна хартија, а потоа ставете го во замрзнувач. Ова значително ќе го забрза процесот на ладење.
„Бричење“ на џемперите со жилет
Можеби ви звучи чудно, но жилетот ќе ви помогне да се ослободите од топчињата што се прават на вашите џемпери.
Црн чај за изгореници
Летото е навистина прекрасно, но никој не е имун на изгорениците од сонце. Доколку сте изгореле, на изгореното место нанесете разладени вреќички црн чај.
Паметно користење на просторот во микробранова
Ова е навистина едноставен, но паметен трик. Доколку ви треба повеќе простор во микробрановата печка, можете едната чинија да ја поставите на шолја.
Спирова С. | Црнобело